Свет ФАРК од 1 септември стануваaт партија

ФАРК од 1 септември стануваaт партија

Бунтовниците од колумбиското левичарско движење ФАРК (Револуционерни вооружени сили на Колумбија) најавија дека од 1 септември ќе дејствуваат како политичка партија, затоа што преминуваат на граѓански актовности во рамки на историскиот мировен договор.

– Јавно ќе основаме партија на 1 септември на плоштадот Боливар во Богота – рече герилскиот командант Карлос Антонио Лосада на прес-конференција.

Припадниците на ФАРК пред месец дена го предадоа целото свое оружје.