Хроника Фалсификатори од Скопје пазареле со лажни банкноти во Струга и во Охрид

Фалсификатори од Скопје пазареле со лажни банкноти во Струга и во Охрид

СВР од Охрид и полициската станица од Струга поднесоа кривични пријави против двајца скопјани, поради основан сомнеж дека фалсификувале пари.

Во март годинава, во Охрид, пријавените на бензинска пумпа, при купување цигари, пуштиле во оптек фалсификувана банкнота од 500 денари.

Во април и во мај, истото го направиле и при купување производи во четири продавници во Струга, кога пуштиле во оптек седум фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари.