Економија Еврото му се доближи на доларот

Еврото му се доближи на доларот

Вредноста на еврото падна на минимум во последниве десет години во однос на американскиот долар. Цената на европската нафта „брент“, паак,  денеска падна под 50 долари за еден барел, што е првпат од 2009 година.

Еврото во однос на доларот изутрината во Европа се разменува за 1,1842 долари. Забавувањето на глобалниот пораст и зголемувањето на понудата на нафта и на гас ги намали цените во последниве недели. Најпогодени се производителите на нафта како Русија.