Свет Европа Европскиот парламент го осуди кршењето на правата на Татарите на Крим

Европскиот парламент го осуди кршењето на правата на Татарите на Крим

Европскиот парламент усвои резолуција со која се осудува кршењето на човековите права на Татарите што живеат на полуостровот Крим.

Од почетокот на годината, Татарите се изложени на разни облици на насилство, како испитувања, претреси на нивните домови, конфискација на имоти и други облици на злоупотреба.

Кримските Татари, кои веќе еднаш биле масовно протерувани од своите домови и тоа во времето на Сталин, во 1944 година, се вратија во своите домови во доцните 80-ти години на минатиот век.

Денеска на Крим живеат околу 240.000 Татари и мнозинството одбива да ја признае руската анексија. Москва го анкетираше украинскиот полуостров во 2014 година.