Свет Европа Европол: Се зголемува бројот на терористичките закани во Европа

Европол: Се зголемува бројот на терористичките закани во Европа

Можни се нови терористички напади во Европа, изјави денеска директорот на Европол, Роб Вејнрајт, пред Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент.

Вејнрајт рече дека постои сериозно зголемување на заканите на континентот и додаде дека располагаат со податоци за повеќе од 10.000 луѓе од ЕУ кои се борат во Сирија и во Ирак.

Според податоците на Европол, 5.000 лица од пет земји членки на ЕУ се борат во Сирија, а околу 28.000 луѓе се вмешани во незаконска трговија со оружје.