Свет Европарламентот бара ембарго за Саудиска Арабија

Европарламентот бара ембарго за Саудиска Арабија

ЕУ да воведе ембарго за оружјето во Саудиска Арабија, а Велика Британија, Франција и другите земји од Унијата да престанат да ѝ продаваат оружје на земјата, која напаѓа цивили во Јемен, побара денеска Европскиот парламент.

Вкупно 359 европратеници гласаа за поддршка на резолуцијата која нема обврзувачко дејство, 212 беа против резолуцијата, а 31 се изјасниле воздржано.

Европратениците се надеваат дека резолуцијата ќе поттикне ЕУ да преземе конкретни активности.
Според податоците на ОН, од март минатата година, кога Саудиска Арабија ја почна воената воздушна кампања, во Јемен се убиени 6.000 луѓе.