Свет Европа Европа треба да се врати на своите корени, порача папата Франциск

Европа треба да се врати на своите корени, порача папата Франциск

Папата Франциск денеска повика Европа да го врати својот идентитет во момент кога се соочува со бегалска криза, Брексит и со верски инспирирани насилства.

Својот годишен говор за надворешната политика, папата го посвети на промовирање мир во време на масовни миграции, економска стагнација и на екстремистички терор во светот.

Поглаварот на Римокатоличката црква ги пофали европските земји кои примиле бегалци и истакна дека и другите треба да пружат „достоинствен пречек“ и истовремено да се борат со сиромаштијата и со општествените проблеми кои се последица на верскиот фундаментализам.

Говорејќи пред амбасадорите кои се акредитирани во Ватикан, папата апелираше Европа да ги врати своите идеали во годината кога се обележуваат 60 години од потпишувањето на Римскиот договор.

– Потребно е Европа да се врати на корените за да ја обликува својата иднина – рече папата.