Македонија Евидентирани 530 нови случаи на ковид-19, оздравени се 538 пациенти, а починаа...

Евидентирани 530 нови случаи на ковид-19, оздравени се 538 пациенти, а починаа 26 лица

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.999 тестирања, а се регистрирани 530 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-229, Куманово-37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, Пехчево-8,  Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-8, Неготино-12.   

Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти од: Скопје-259, Куманово-24, Дебар-11, Штип-14, Прилеп-25,  Тетово-32, Велес-17, Битола-19, Кавадарци-21, Гостивар-18, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-8, Кочани-6, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-5, Валандово-3, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-8, Кичево-7, Ресен-2 и Неготино-15. 

Во болнички услови се починати 26 лица, седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83г), еден од Куманово (69г), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71г), еден од Тетово (53г), три од Струга (56, 84 и 81г), двајца пациенти од Битола (62 и 74г), тројца од Охрид (66, 65 и 79г), двајца од Гостивар (68 и 82г), двајца од Струмица (74 и 62г) и еден пациент од Делчево (56г).  

Скопје е со најголем број на случаи на ковид-19, каде се евидентирани 35.148 случаи од кои активни се 11.519. Следува Тетово со 4.691 случаи и 905 активни и Куманово со 4.642 ковид случаи од кои активни се 578.  

Досега во земјата се направени вкупно 392.376 тестирања, вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 81.425, на оздравени пациенти е 58.720, на починати изнесува 2.427, а вкупниот број на активни случаи е 20.278.