Македонија Евакуирани и последните македонски граѓани од Газа – мајка со две деца

Евакуирани и последните македонски граѓани од Газа – мајка со две деца

По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено дома, соопшти МНР

Фото: Muath Humaid - Own work, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=25578269

Во текот на изминативе 24 часа и последните тројца македонски граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Со ова се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата“, велат од МНР.

По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено дома.

Од МНР се заблагодаруваат на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за нивната асистенција при трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје.

Контакти за пријава на македонски државјани во Газа се следните:

СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736
Дежурен телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378
Дежурен телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542