Свет Европа Евакуирани 500 лица поради протекување на амонијак во Полска

Евакуирани 500 лица поради протекување на амонијак во Полска

Повеќе од 500 лица се евакуирани, а 28 се хоспитализирани поради течење на амонијак во фабрика за живинарско месо „Индикпол“ во местото Олштин во Полска.

Инцидентот се случил рано утринава, кога во фабриката имало 528 работници, јавува телевизијата „Н24“.

Воспоставена е безбедносна зона во одделот за замрзнување по протекувањето и во тек е испумпување на амонијакот.