Свет Европа Евакуирана метро-станица во Лондон

Евакуирана метро-станица во Лондон

Станица на подземната железница „Оксфорд циркус“ е евакуирана откако во еден воз се појавил чад, пишува британски „Телеграф“.

Лондонската противпожарна бригада добила повик од станицата „Оксфорд циркус“, а станицата во меѓувреме е затворена.

– Се наоѓаме на местото на настанот и водиме истрага – рече портпаролката на лондонската противпожарна единица.

Еден очевидец вели дека мирисало на запалена пластика.