Свет Европа Евакуиран авион во Лондон поради непознат бел прав

Евакуиран авион во Лондон поради непознат бел прав

Авион на нискобуџетната комапнија „Изиџет“ кој требал да лета на релација Лондон – Пула е евакуиран на лондонскиот аеродром „Гетвик“.

Како што јавуваат лондонските медиуми, наредбата за евакуација била издадена откако кај еден од патниците е пронајден бел прав од непознато потекло. Истрагата треба да покаже за кој вид на супстанца станува збор.

Безбедносните служби веднаш го опколиле авионот и влезната рампа.

„Можеме да потврдиме дека сите патници се евакуирани“, стои на твитер-профилот на аеродромот „Гетвик“.
Авионската компанија засега нема излезено со изјава.

Авионот требало да полета во 13.25 часот по локално време, а во 17,25 часот да слета на аеродромот во Пула.