Свет Евакуација од сирискиот град Забадани

Евакуација од сирискиот град Забадани

Возила на брза помош и автобуси денеска влегоа во опколениот сириски град Забадани, кој е под контрола на бунтовниците, за да евакуираат голем број војници, меѓу кои има и ранети.

Евакуираните ќе бидат префрлени во Турција, во согласност со договорот кој е постигнат со посредништво на ОН, соопштија извори на бунтовниците од градот.

Договорот ќе им овозможи на борците, кои со месеци се закотвени во Забадани, во близина на границата со Либан, безбедно да минат во Бејрут, а потоа да продолжат да патуваат кон конечното одредиште во Турција, под покровителство на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Истовремено, околу 300 семејства од два опколени шиитски града во провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците, тргнале со копнен конвој кон границата на Турција, од каде со авион ќе бидат префрлени во Бејрут.