Свет ЕУ жестоко ќе одговори на терористичките закани

ЕУ жестоко ќе одговори на терористичките закани

Лидерите на ЕУ денеска ветија дека силно ќе одговорат на сите поголеми терористички закани откако нападот во тунискиот музејот „Бордо“ предизвика страв од исламските екстремисти во соседна Либија.

Екстремистичката џихадистичка организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа 22 лица, од кои 20 странски туристи, повеќето од Европа. Тунис денеска соопшти дека двајца од напаѓачите биле обучувани во либиски екстремистички камп.

– Ова е напад на Европа и Европа мора да одговори – изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Финскиот премиер Александар Стуб се согласи, велејќи дека безбедносната ситуација се „променила на јужните граници на Европа по најновиот ѕверски терористички напад во Тунис“.

– Тоа ќе влијае и на нашите разговори за Либија – рече Стуб.