Економија ЕУ загуби 21 милијарда евра поради санкциите кон Русија

ЕУ загуби 21 милијарда евра поради санкциите кон Русија

Европска Унија претрпе штета во вид на изгубен извоз од 21 милијарда евра поради санкциите што ги воведе Русија поради кризата во Украина, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија, кој вчера се состана со европските колеги во Брисел за да разговараат за понатамошните мерки, пренесе „Денар“.

– Санкциите скапо нè чинеа, а ЕУ досега загуби 21 милијарда евра. Во Шпанија, најтешки последици претрпе секторот за земјоделство и за туризам – изјави шпанскиот министер, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Членките на Европска Унија не се согласуваат во однос на прашањето за строгите економски санкции кои Унијата постепено ги воведува кон Русија од јули минатата година, при што некои членки се уплашени за трговските односи со Москва, оценува француската агенција.