Македонија ЕУ со помош од 84.000 евра за настраданите во поплавите

ЕУ со помош од 84.000 евра за настраданите во поплавите

За помош на настраданите во поплавите во Македонија, Европската комисија ќе додели 84.236 евра.

Како што соопшти Делеагацијата на ЕК во Македонија, финансиската помош на ЕУ, обезбедена преку Фондот за итно надминување катастрофи на Црвениот крст, ќе ја поддржи тековната помош на локалниот Црвен крст за надминување на последиците од поплавите.

Помошта ќе се користи за дистрибуција на храна, хигиенски материјали и за други основни средства, како што се облека и ќебиња. На директен начин, помошта ќе ја користат речиси 1.000 семјества (околу 4.000 луѓе).