Свет ЕУ повикува на целосен прекин на огнот во Украина

ЕУ повикува на целосен прекин на огнот во Украина

Европска Унија повика на целосен прекин на огнот во Источна Украина, каде сè уште има жаришта и покрај примирјето, кое стапи на сила минатиот викенд.

„Се чини дека примирјето се почитува, но постојат одреден број инциденти“, изјави портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ, која додаде дека е неопходно прекинот на огнот да се почитува во целост.

Украинската војска и проруските сепаратисти денеска меѓусебно се обвинуваа за прекршување на прекинот на огнот и дека поради тоа им е тешко да почнат со повлекување на тешкото оружје од фронтот, кое е предвидено со договорот од Минск.