Македонија ЕУ: Политичарите веднаш да најдат издржано решение

ЕУ: Политичарите веднаш да најдат издржано решение

Европската комисија утрово реагираше по повод вчерашните протести пред Владата во Скопје, во кои беа повредени и приведени неколку демонстранти, а повредени беа и неколку полицајци.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека Европската унија ја повторува својата длабока загриженост за ситуацијата во земјата, како што беше наведено во заклучоците на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ неодамна.

– ЕУ жали поради повредите со кои се здобија демонстрантите и припадниците на безбедносните сили. Како генерален принцип, Комисијата ја повторува клучната важност на слободата на мирен протест и здружување како што стои во европската конвенција за човекови права. Тоа мора да бидат основни вредности на функционална демократија. Ја повторуваме потребата да се избегне употребата на диспропорционална сила од полицијата. ЕУ би сакала да потсети дека од политичките актери се очекува веднаш да преземат акции за наоѓање издржливо решение за политичката криза, вклучително преку конструктивно ангажирање за рестартирање на соодветен политички дијалог и да се врати довербата во институциите.“

Т.М.