Свет Европа ЕУ одобри воена акција против шверцерите на луѓе во Средоземно Море

ЕУ одобри воена акција против шверцерите на луѓе во Средоземно Море

Европската унија одобри воена акција против шверцерите на луѓе во Средоземно Море, јавува „Раша тудеј“, повикувајќи се на извештаи на „Франс прес“.

Претходно Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека рекорден број мигранти го минале Средоземно Море во 2015 година. Според агенцијата, 432.761 мигранти и бегалци стигнале до Европа преку море, што е двојно повеќе во споредба со 2014 година.

– Повеќето од пристигнатите се регистрирани во Грција (309.356 лица) и во Италија (121.139 лица) – соопштија од ИОМ.
Вкупно 2.748 барачи на азил починале минувајќи го Средоземно Море, соопшти агенцијата, додавајќи дека Сицилискиот Канал е најсмртоносната рута во Средоземно Море.