Свет Европа ЕУ ќе им го скрати престојот на бегалците кои го одолжуваат барањето...

ЕУ ќе им го скрати престојот на бегалците кои го одолжуваат барањето азил

Лидерите на ЕУ се спремни да постигнат договор со кој ќе им го скратат престојот на мигрантите кои го одложуваат поднесувањето на барање за азил, со цел да отидат во друга европска земја.

Во документот, кој ќе биде претставен на самиот на ЕУ следната недела, се наведува дека треба да им се одбие престојот на „оние кои не поднеле барање за азил иако имале шанса.

Сепак, нацрт документот моѓе да претрпи измени до самитот, закажан за 18 и 19 февруари.

Ваквиот потег би можело да има значително последици бидејќи бегалците кои бараат прибежиште во Европа, прво пристигаат во Грција, но таму не бараат азил затоа што сакаат тоа да го направат во северните европски земји.

Според меѓународното право, лицата на кои имаат потреба од заштита не може да бидат одбиени за азил.