Uncategorized ЕУ ги продолжи санкциите за тројца поранешни функционери на Украина

ЕУ ги продолжи санкциите за тројца поранешни функционери на Украина

Европската унија денеска ги продолжи рестриктивните мерки за тројцата украински државјани кои се осомничени за финансиски измами за време на владеењето на поранешниот претседател Виктор Јанукович, објави службениот весник на Европската унија.

Во службениот весник на ЕУ се наведува дека се продолжени санкциите за поранешните министри Олена Лукаш и Дмитриј Табачник, како и за бизнисменот Сергеј Кљујев.

На „црната листа“на ЕУ до март следната година ќе остане и Јанукович, неговиот постар син, двајца поранешни украински премиери, како и уште 14 Украинци.

Украинските власти тврдат дека Јанукович и неговите соработници за време на четиригодишното владеењето проневериле најмалку 30 милијарди долари од државниот буџет.