Македонија ЕУ „длабоко загрижена“ за Македонија, се бара истрага за „бомбите“

ЕУ „длабоко загрижена“ за Македонија, се бара истрага за „бомбите“

Советот на министри за надворешни работи на ЕУ усвои заклучоци во кои се изразува длабока загриженост за влошената состојба во Македонија, особено во областа на владеењето на правото, фундаменталните права и слободата на медиумите, кои се суштински вредности во срцето на ЕУ и на нејзината политика на проширување.

Во интерес на граѓаните, на демократијата, на владеењето на правото и на политичката стабилност, Советот итно ги повикува политичките лидери брзо да одговорат на овие проблеми.

Министрите денеска посочија дека сите страни треба да ја преземат својата одговорност и да преземат мерки кон одржливо решение, конструктивно да се ангажирааат во политички дијалог и да ја вратат доверба во институциите преку соодветни политички мерки.

Европската унија бара сите наводи да бидат предмет на истрага.

Таа истрага, велат министрите, треба да се случи со целосна почит и низ праведен процес, според принципот на независност и на презумцијата не невиност.

Министрите ги поздраивја и напорите на Европскиот парламент за посредништво во дијалогот помеѓу власта и опозицијата и бараат од двете страни да покажат воздржаност и да се фокусираат на наоѓање решение за излез од кризата.

Македонија останува на агендата на Европската унија додека не се најде решение за тешката политичка состојба во која е западната државата и министрите повторно ќе се навратат на оваа тема во наредните месеци.