Македонија ЕУ даде 100.000 евра помош за справување со мигрантите

ЕУ даде 100.000 евра помош за справување со мигрантите

90.656 евра хуманитарни средства за да помогне во справувањето со миграцискиот притисок во Република Македонија, обезбеди Европската унија.

Поддршката е наменета за Црвениот крст на Македонија да им понуди помош на околу 4.600 луѓе во следните три месеци, преку Фондот за итно надминување катастрофи на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Помошта е наменета, пред сè, за Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје и за главните железнички станици на јужната и на северната граница на земјата.

„Помошта ќе ги покрие основните потреби, како што се услуги од примарната здравствена заштита, снабдување со вода, храна, хигиенски пакети, ќебиња, облека, чевли, продукти за нега на бебиња“, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.