Свет Балкан Етингер: Можно е неделава да се постигне договор меѓу Атина и кредиторите

Етингер: Можно е неделава да се постигне договор меѓу Атина и кредиторите

Европскиот комесар за економија и дигитално општество, Гинтер Етингер, изјави дека е можно Грција и нејзините кредитори неделава да постигнат договор.

– Потребен ни е напредок на ниво на работни групи, за да се постигне согласност за планот за реформи. Можен е до крајот на неделава. Со тоа би се овозможила исплата на последната транша од финансиската помош – изјави Етингер за германскиот весник „Велт“.

Тој, сепак, изрази сомнеж дека на денешниот состанок во Берлин на германската канцеларка Англела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, ќе биде постигнат каков било напредок.

– Предизвиците со Грција се премногу големи за да се решаваат во од – рече Етингер.