Порталб: Се стега „ременот“ – јавниот долг ќе расте, како ќе се враќа?

-

Јавниот долг ја надмина психолошката граница од 60 отсто, искачувајќи се на 60,7 отсто. И до година ќе се земаат заеми, но според првичните информации, Владата „пари“ ќе бара на домашниот пазар, пишува Порталб.мк. Според економистите, секое позајмено евро треба внимателно и рационално да се троши зошто ќе дојде време да се враќа – со камата.

Дали банките ќе станат стратешки кредитори на домашниот пазар ..

Близу една милијарда и 900 милиони евра должи државата на домашните кредитори – банки, пензиски фондови, осигурителни компании. Се зголемува салдото на внатрешниот долг, но се менува и рочноста на долгот. Во октомври годинава во споредба со октомври лани, краткорочниот долг е намален на 29,24 проценти, а долгорочниот е зголемен на 70,76 проценти.

Во неодамна усвоениот ребаланс на буџетот, Владата потврдува дека задолжувањата на домашниот пазар годинава се зголемени, а дел од парите ќе се трошат и до година.

„Во рамки на домашното задолжување кое е предвидено на ниво од 36,3 милијарди денари (590 милиони евра) се реализира со краткорочен заем од домашни банки во износ од 8,17 милијарди денари, како и со задолжување на домашниот пазар на државни хартии од вредност во износ од 28,1 милијарди денари со истовремена отплата на државни обврзници во износ од 6,6 милијарди денари, при што ќе се реализира максимален износ на нето задолжување преку државни хартии од вредност во износ од 21,5 милијарди денари кои ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2020 година како и за делумно финансирање на 2021 година,“ се наведува во буџетскиот документ.

Ова значи и дека со нови заеми ќе се враќаат доспеани долгови. По увид во податоците на Министерството за финанасии, „Порталб“ анализира дека најголем дел од долгот или 42,7 отсто отпаѓа на пензиските фондови, а ведаш зад нив се банките со 36,4 отсто.

Дел од економистите коментираат дека е очекуван растечки тренд и на надворешниот и на внатрешниот долг и догодина, но велат дека Владата треба да се сврти кон домашното задолжување со оглед на високата ликвидност, односно вишок на пари што ги имаат, особено банките. Плановите за нови заеми мора да одат во пакет со планот како ќе се враќаат.

„Ова темпо на задолжување ќе продолжи и догодина. Ние мора да имаме план со кои пари, со кои финансии ќе се сервисираат функциите на државата. Би рекол мора да се размислува со кои „помеки“ задолжувања ќе се премостат следите пет години. Ние сега зборуваме за некој среднорочен, па дури и долгорочен период кој ќе биде потребен за заздравување на економијата. Ќе дојде момент покрај тековното, да треба да се враќа и она што сега го трошиме. Да немаме дилема дека ќе дојде денот кога ќе мора да се случи и корекција во даночната политика – раст на даноците, но тоа мора да се спроведува внимателно, а не да се каже преку ноќ – даноците се зголемуваат,“ вели даночниот експерт Павле Гацов.

Експертите се едногласни дека на маса се две сценарија кога зборуваме за одржување на макроекономската стабилност од аспект на задолжувањата – или да се постигне ударнички процент на раст на БДП кој ќе овозможи „приливи“ за враќање на долговите или „поцрното сценарио“, во некое идно време да се посегне по зголемување на даноците за да се обезбедат финансии за сервисирање на обврските на државата, меѓу нив и редовна отплата на долговите.

Според последните информации, Јавниот долг на крајот од септември изнесува 6 милијарди и 572 милиони евра и во однос на јануари е зголемен за една милиjарда евра. И во процентуален и во апсолутен износ ова е највисоко ниво на задолженост на државата. Големиот пораст е последица на зголемените буџетски расходи за ублажување на последиците од  економската криза во која западна земјата поради пандемијата на Ковид 19.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...