Економија ЕСМ: Парно греење ќе има, гас набавен за цел декември од Макпетрол...

ЕСМ: Парно греење ќе има, гас набавен за цел декември од Макпетрол и ТЕ-ТО

Комбинираната електрана ТЕ-ТО Скопје | Фото: Мета.мк

АД ЕСМ се огласи со соопштение за граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период.

За цел декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, како и потребното дополнително количество од ТЕ-ТО.

АД ЕСМ вели оти продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови.