Македонија ЕСМ ги разреши директорите во РЕК Битола и РЕК Осломеј, најави и...

ЕСМ ги разреши директорите во РЕК Битола и РЕК Осломеј, најави и други кадровски промени

Депонијата за јаглен на РЕК Битола. Фото: АД ЕСМ, 12 ноември 2021

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, соопшти денес АД ЕСМ.

Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана.

Досегашниот технички директор во Рудници, Стојан Мицкоски е назначен на местото за в.д. директор во РЕК Осломеј каде е разрешен директорот Златко Пиперкоски.

Од управата на АД ЕСМ најавија дека во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза.