Македонија Ешерихија коли во водоводот на неколку гевгелиски села, 120 лица заразени

Ешерихија коли во водоводот на неколку гевгелиски села, 120 лица заразени

Околу 120 жителите од гевгелиските села Селемлија, Богородица и Стојаково се заразиле од нечиста вода, во која имало бактерии од типот ешерихија коли како последица од фекaлно загадување, поради дефект на водоводната мрежа.

Дел од овие лица биле задржани на болничко лекување поради изразени стомачни проблеми и можност од дехидрација.

Центарот за јавно здравје од Велес апелирал до жителите од овие села да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод и да купуваат амбалажирана вода.