Свет Свет Ерупција на вулкан северозападно од Токио

Ерупција на вулкан северозападно од Токио

Јапонскиот вулкан Асама, кој се наоѓа на 160 километри северозападно од Токио, утринава почнал да исфрла црн чад и пепел, соопшти јапонската метеоролошка агенција.

Ова е прва ерупција на вулканот од мај 2009 година. Засега нема поголеми експлозии.

Експертите предупредуваат дека вулканот, висок 2.568 метри, би можел да исфрли камења високо во небото, пренесоа локалните медиуми.

Властите објавија предупредување од второ ниво, што значи дека е забрането приближување до вулканскиот кратер поблизу од 2.000 метри.