Свет Балкан Ерион Велиај е новиот градоначалник на Тирана

Ерион Велиај е новиот градоначалник на Тирана

Ерион Велиај е нов градоначалник на Тирана. Велиај на првиот јавен настап се заблагодари, пред сè, за достоинственото гласање и за довербата што му е дадена.

– Нашата победа со 43.000 гласови разлика е многу добра, но ќе поминеме без помпезни прослави зашто работите во градот не се најдобри, затоа и не прославуваме. Ние треба да ги засукаме ракавите и да ја однесеме Тирана на потребниот пат, како што ветивме во кампањата – рече Велиај.

Тој побара од администрацијата во целина, без оглед на партиската припадност, да си ја работи нормално работата и да не ја злоупотребува службената положба.