Свет Балкан Ердоган: Нема договор за мигрантите ако ЕУ не си ги исполни обврските

Ердоган: Нема договор за мигрантите ако ЕУ не си ги исполни обврските

Турција нема да го примени договорот за прифаќање сириски мигранти од Европа доколку Европската Унија не ги исполни своите обврски, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Според договорот, Анкара треба да ги преземе сите мигранти и бегалци што преку Егејско Море стигнале на грчките острови.

За возврат, Европа треба да преземе повеќе илјади сириски бегалци директно од Турција и да ѝ пружи на Анкара финансиска поддршка, безвизен режим и напредок во пристапните преговори со ЕУ.