Свет Европа Ердоган е против распоредување на руски војници на турско-сириската граница

Ердоган е против распоредување на руски војници на турско-сириската граница

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е против распределба на руски војници на турско-сириската граница.

– Нема да толерираме распоредување на војници долж границата од Ирак до Медитеранот – изјави Ердоган и додаде дека за тоа ќе разговара со американскиот потпретседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Турција.

Односите меѓу Турција и Русија значително се влошија откако на 24 ноември 2015 година, турските сили на безбедност соборија руски авион на границата со Сирија.

Турција наведе дека рускиот авион го нарушил турскиот воздушен простор, а Русија демантираше.