Македонија Ердоган до Пендаровски: Целосна поддршка од Турција за членство во ЕУ и...

Ердоган до Пендаровски: Целосна поддршка од Турција за членство во ЕУ и во НАТО

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган во рамките на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево.

„Во контекст на аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Големото национално собрание на Република Турција наскоро ќе го ратификува пристапниот протокол за членство во Алијансата, откако беше одобрен од Парламентарната комисија за надворешни работи на турското собрание. Претседателот Ердоган рече дека нашата држава ја има целосната поддршка од Турција за членство во ЕУ и во НАТО, со тоа што пристапниот Протокол за членство во НАТО ќе биде наскоро ратификуван во Големото национално собрание на Република Турција“, информираат од кабинетот на претседателот.

Трговската размена меѓу двете држави е во постојан раст и во 2018 година изнесуваше 505 милиони долари, но двајцата претседатели потенцирале дека економската соработка може уште повеќе да се зголемува, во интерес на граѓаните на двете држави.