Економија ЕЛЕМ ќе продава планирани вишоци струја

ЕЛЕМ ќе продава планирани вишоци струја

Државниот производител на струја објави дека следната седмица на аукција ќе понуди вкупно 102.720 мегаватчасови електрична енергија, кои ќе може да ги испорача во јуни, јули и август годинава.

На аукцијата ќе учествуваат лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

„Продажбата на вишоци на електрична енергија, која е огласена денеска, е прва по подолг временски период, односно АД ЕЛЕМ последен пат продала вишоци од своето производство во 2016 година, во вкупна количина од 16.000 MWh“, соопштија од државната компанија.