Економија „ЕЛЕМ – Енергетика“ од утре ќе вклучи парно греење

„ЕЛЕМ – Енергетика“ од утре ќе вклучи парно греење

ЕЛЕМ утре ќе почне со испорака на топлинска енергија за потрошувачите приклучени на мрежата на „ЕЛЕМ – Енергетика“.

„Парно греење ќе добијат 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Од компанијата додаваат дека испораката почнува осум дена пред официјалниот почеток на грејната сезона поради најавениот пад на дневната температура.

Со почетокот на грејната сезона, потрошувачите ќе може да ги добијат сите потребни информации во канцеларијата за односи со јавноста, лоцирана во управната зграда на „ЕЛЕМ –  Енергетика“, а за дефекти или рекламации, може да ги користат телефонски броеви 3104-816 и 3104-872.