Свет Европа Екстремната десница во Франција може да победи на изборите за ЕУ

Екстремната десница во Франција може да победи на изборите за ЕУ

Изборите кои ќе се одржат од 6 до 9 јуни во сите 27 земји на ЕУ, ќе го променат составот на Европскиот парламент и креирањето политики во Европската комисија

Фото: Wikimedia commons/Rémi Noyon

Иако француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен не е на гласачкото ливче на изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат викендов, таа веројатно ќе се појави како еден од најголеми победници, пренесува Асошиејтед прес.

Анкетите прогнозираат дека нејзината партија Национален собир ќе биде најголемата партија со освоени гласови во Франција, повеќе од партијата на претседателот Емануел Макрон. Со тоа, низ цела Европа, антиимиграциските, националистичките идеи кои Ле Пен долго време ги застапува, ќе добијат на сила.

Изборите кои ќе се одржат од 6 до 9 јуни во сите 27 земји на ЕУ, ќе го променат составот на Европскиот парламент и креирањето политики во Европската комисија, извршната рака на ЕУ. Тоа може да ѝ ги зголеми шансите на Ле Пен да го добие претседателството на Франција во 2027 година.

Водечкиот кандидат за Европскиот парламент на Националниот собир, Џордан Бардела, ги исполнува ветувањата дека ќе го ограничи слободното движење на мигрантите во отворените граници на ЕУ, ќе го намали притисокот на ЕУ врз Русија и ќе ги повлече климатските правила на ЕУ.

„Ние стоиме на идејата за преиспитување на европскиот модел околу идејата за нациите. Онаа Европа на Макрон, е модел на минатото“, рече Бардела на митингот во Париз во неделата.

Про-ЕУ движењето на Макрон во меѓувреме опаѓа и покрај неговите напори ширум Европа за одбрана на Украина и зајакнување на одбраната и индустријата на ЕУ.