Македонија Екстрадиран македонски државјанин осомничен за настаните во Диво Насеље

Екстрадиран македонски државјанин осомничен за настаните во Диво Насеље

Денеска од Република Србија е екстрадиран македонски државјанин oсомничен за терористичка организација и за тероризам поврзани со настаните во Диво Насеље, соопшти Основното јавно обивинителство.

„Кон крајот на октомври минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и од 10 мај 2015 година. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител имаше издадено наредба за спроведување истражна постапка за уште тројца македонски државјани што во тој момент беа недостапни на органите на прогонот“, се вели во соопштението од Јавно обвинителство.