Македонија Експропријација на земјиште за потребите на пругата на Коридор 8, на владина...

Експропријација на земјиште за потребите на пругата на Коридор 8, на владина седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 81. седница на која министрите ќе одлучуваат за неколку предлог-одлуки за давање на согласност за склучување на договор за доделување на државна помош.

„На предлог на Јавното претпријатие „Македонски железници -инфраструктура“ ќе се разгледа информација за процесот на експропријација на земјиште, кое е потребно за реализација на проектите за реконструкција и изградба на железничката пруга од источната делница на Коридор 8 ( Куманово – Бељаковце – Крива Паланка – Р. Бугарија).

На денешната седница министрите ќе разгледаат и неколку извештаи за работа на државни претпријатија.