Свет Европа Експлозија во лондонското метро

Експлозија во лондонското метро

Во експлозија во воз во лондонското метро, повредени се неколку патници, кои добиле изгореници на лицето, јавува лондонскиот весник „Метро“.

Како што се наведува, полицијата е запознаена со инцидентот на станицата Парсон грин во западниот дел на Лондон и веќе е на местото на настанот, заедно со возила на брзата помош.

Полицијата засега не открива за што станува збор и најави дека ќе излезат со детали откако ќе имаат прецизни информации.

Во прекин е сообраќајот во подземната железница, меѓу станиците Ерлс корт и Вимболдон бидејќи возовите минуваат низ станицата на која се случил инцидентот.