Свет Експлозија пред шпанската амбасада во Триполи

Експлозија пред шпанската амбасада во Триполи

Бомба експлодирала синоќа пред шпанската амбасада во Триполи, но нема повредени, јавуваат светските медиуми.

Официјален Мадрид минатата година ги повлече своите дипломати од Либија, по избивањето на судирите во Триполи.

Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата, која предизвикала материјална штета на зградата на амбасадата.