Хроника Експлозија го разбуди Куманово

Експлозија го разбуди Куманово

Силна експлозија утринава во 04.29 часот одекна во центарот на Куманово.

Експлозивната направа, како што соопштија за „Мета“ од СВР Куманово, експлодирала кај тунелот што ги поврзува градскиот плоштад со паркиралиште со кое стопанисува приватна компанија.

Нема повредени лица, а од детонацијата искршени се прозорските стакла на околните објекти.

Полицијата и крим-техника сè уште вршат увид.