Македонија Екипи на Црвен крст и денеска на градските улици

Екипи на Црвен крст и денеска на градските улици

Три мобилни екипи со три возила и со 12 волонтери на Црвениот крст на град Скопје и денеска ќе патролираат по улиците на Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња вода на минувачите.

Во рамките на теренските активности на неколку пунктови, се вршеше мерење на крвен притисок на граѓаните кои се пожалија на здравствени тешкотии, а беше организиран и транспорт за постари лица и за хронично болни кои побараа помош од екипите на Црвениот крст.

Активностите се координирани со Црвениот крст на Р. Македонија, Министерството за здравство, Градот Скопје и со Центарот за управување со кризи.