Македонија ЕК: Важно е уставните измени да се донесат со широк консензус

ЕК: Важно е уставните измени да се донесат со широк консензус

И Венецијанската комисија и Европската комисија истакнаа дека е многу важно уставните измени да се донесат со најширок можен политички и општествен консензус, реагираат од Европската комисија.

„Иако имаше процес на консултација, вклучително и со меѓународни тела, што е позитивно, забележуваме дека овие уставни измени поминуваат низ собраниска процедура во време кога најголемата опозициска партија го бојкотира парламентот. Меѓутоа ,важно е овие уставни измени да бидат резултат на широка и на содржајна дебата помеѓу сите политички сили“, велат од Европската комисија.

Загриженоста на Комисијата во овој поглед е дека секоја промена мора да ги има предвид меѓународните правила.