Македонија Египет: Аеродромот во Шарм ел Шеик е безбеден

Египет: Аеродромот во Шарм ел Шеик е безбеден

Египетските претставници соопштија дека аеродромот и летувалиштето Шарм ел Шеик се безбедни и оти Велика Британија треба да ги почека резултатите од истрагата за падот на рускиот авион пред да ги запре сите летови на таа дестинација.

Висок претставник на воздушниот сообраќај, кој посакал да остане анонимен, рекол дека британските и руските тимови вчера ги проценувале безбедносните процедури на аеродромот во Шарм ел Шејк и дека немале никакви забелешки.

Во саботата, авионот „ербас A321-200“ се урна на полуостровот Синај, 23 минути по полетувањето од Шарм ел Шеик, при што загинаа сите 224 патници.