Дописници Ципрас да ги укине црните печати за децата-бегалци од Егејска Македонија

Ципрас да ги укине црните печати за децата-бегалци од Егејска Македонија

Од денешниот Велигденски собир на децата-бегалци во штипското село Брест, Здружението на децата-бегалци „Македон“ побараа од „младиот премиер на Грција, Ципрас“ да престане дискриминацијата над македонското национално малцинство во Грција и над децата-бегалци, раселени по светот.

– Имаме порака до Ципрас – да ги отвори архивите на Комунистичката партија на Грција и Македонците што се бореа за време на Граѓанската војна и точно да се знае улогата на Македонците. Исто така, бараме да ги укине црните печати од пасошите на децата родени во Егејска Македонија – изјави Ташко Георгиев, претседател на Сојузот на Здруженијата на децата-бегалци од Егејска Македонија.

Традиционално, секоја година на Велигден, Сојузот организира средба во штипско Брест, каде и денеска се собраа децата-бегалци и граѓански активисти за правата на македонските национално малцинство во Грција, Бугарија и во Албанија.