Македонија Едно лице загина во свлечиште во селото Бачиште

Едно лице загина во свлечиште во селото Бачиште

Во свлечиште во близина на кичевското село Бачиште, кое се случило претпладнево, едно лице загина, а друго се бори за живот.

Свлечиштето настанало при работи на пат. Двете лица биле префрлени во Медицинскиот центар во Кичево, каде едниот им подлегнал на повредите.