fbpx

Порталб: Поправката на потпорниот ѕид кај Градска бања не е извршена, Општина Тетово не одговара на новинарите

-

Општина Тетово не го одржа дадениот збор дека во март ќе се поправи опасниот потпорен ѕид кај Градска бања, а свесни за нивото на опасност, пред два месеци општинските власти преку Порталб.мк упатија апел за дополнително внимание сè до март. Но денеска работите за регулирање на овој ѕид сè уште не се започнати, одроните преставуваат опасност долж целиот коловоз, додека од Општина Тетово не сакаа да дадат одговори, пишува Порталб.мк.

Иако патот кон бањата може да се смета за нов, бидејќи е изграден во 2017 година со средства на Европската Унија, тој сепак не е адекватен и целосно безбеден, бидејќи честопати има одрони.

Левата страна на овој пат, поради опасните странични одрони, е скоро непроодна, како за возилата така и за луѓето, кои особено во текот на овие месеци ја посетуваат Градската бања.

Покрај тоа, Порталб.мк со години пишува за еден ѕид на овој пат кој претставува потенцијална опасност за луѓето кои поминуваат на пат кон Градската бања, а Општина Тетово никогаш не презеде мерки за спречување на можните жртви.

Иако договорот за поправка на овој ѕид е потпишан и пред два месеци Општина Тетово вети дека работите ќе започнат по 15 март, новинарот на Порталб.мк денеска беше на лице место, но таму немаше никакви средства за работа.

„Неколку пати се обидовме да го решиме проблемот во оваа локација кај Градска бања, но со оглед на конфигурацијата на теренот, проблемот постојано се повторува. Екипи од Општинскиот сектор за комунални дејности досега интервенирале многу пати, кога имало странични лизгања на земјата. Имајќи предвид дека сега е зимска сезона и има временски промени, работата за конечно решавање на овој проблем ќе ја започнеме по 15 март, исто имајќи предвид дека веќе е потпишан договор со компанијата што ќе ги извршува работите“, рекоа од Општина Тетово на 22 јануари.

За тоа зошто не го одржаа ветувањето и кога ќе започнат работите за поправка на ѕидот, од Општина Тетово денес не сакаа да одговорат на нашите прашања.

 

Веќе 4 години се ветуваат потпорни ѕидови за страничните одрони кај Градска бања

Во 2018 година од Општина Тетово, токму за Порталб.мк ветија дека ќе го решат проблемот со страничните одрони кај Градска бања, и дека тоа ќе го сторат истата година, но сè уште нема ништо.

Инаку, граѓанските активисти со години бараат овој проблем да се реши, и истакнуваат дека патот што води кон Тетовската бања на многу места е опасен. Ерозии има долж целиот пат, а страничните заштитни ѕидови се исто така оштетени. Граѓаните кои го користат овој дел за рекреација, велат дека оштетувањата започнале од моментот кога надлежните започнале со реконструкција на патот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...