Хроника Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај село Злеово

Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај село Злеово

Едно лице загина, а едно е тешко повреденo во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска, 45 минути по полноќ на локалниот пат од село Злеово кон магистралниот пат Радовиш-Струмица, соопшти МВР.

Несреќата се случила откако патничко возило „рено-еспејс“, со струмички регистерски ознаки управувано од 29-годишниот П.П. излетало од патот при што на самото место починал 23-годишниот сопатник Т.В., а со тешки телесни повреди се здобил 19-годишниот Д.С. и двајцата од струмичкото село Владевци. Д.С. по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар-Струмица е пренесен во Ургентниот Центар-Скопје.

Возачот П.П. исто така од село Владевци, по сообраќајката го напуштил местото на настанот. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициска станица Радовиш, а телото на починатиот е дадено на обдукција.

Полицијата трага по возачот на возилото и работи на целосно расчистување на случајот.