Македонија Едно лице загина во пожар во охридското село Требеништа

Едно лице загина во пожар во охридското село Требеништа

Пожарникарите интервенирале во опожарениот објект во селото Требеништа, Општина Дебарца додека бил во распламтена фаза

Извор на фотографија: Фејсбук профил на ТППЕ Охрид

Едно лице загина, а двајца се повредени во пожарот што се случил утрово во куќа во охридското село Требеништа, информираат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Пожарникарите интервенирале во опожарениот објект во селото Требеништа, Општина Дебарца додека бил во распламтена фаза.

„При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице“, информираат од охридската територијална противпожарна единица.

Причините за пожарот засега не се познати, а на терен допрва треба да се направи увид, при што истрагата треба да ги утврди причините за фаталниот пожар.