Свет Европа Еден загинат во пожар во близина на Париз

Еден загинат во пожар во близина на Париз

Во пожар во зграда за работници мигранти, во близина на Париз, утринава загина едно лица, а неколку се повредени, соопшти француската полиција, која не ја отфрли можноста пожарот да е подметнат.

Пожарот избил во приемната сала на шесткатница во округот Булоњ-Бијанкур. Во зградата живеат околу 300 лица.
Пожарникарите спасиле шест лица кои биле најзагрозени со пожарот.

Шеснаесет лица добиле повреди, а три лица се во тешка состојба затоа што скокнале од зграда при обид да го избегнат огнот. Едно од тие лица подоцна починало, соопшти полицијата.

Безбедносните сили подоцна пронашле траги од запалив материјал на местото на пожарот и затоа не се отфрла можноста дека е извршено кривично дело.